Бронзен медал за Билјана Димова од „Мобилност“ Гевгелија

Благодарници за најуспешните претставници на „Мобилност“ Гевгелија по повод 4-ти декември – Меѓународниот ден на лицата со телесен инвалидитет беа врачени денеска од претседателката на ЗГТИ „Мобилност“- Даниела Гошева Кангов.

По повод 4-ти декември – светскиот ден на телесните инвалидизираните лица, во објектот „ПОРТА МАКЕДОНИЈА“ се одржаа два настана: традиционалната XI та по ред изложба на слики и уметнички дела како и XXVIII – Литературни средби со литературно читање на поетски литературни творби напишани од членови на Мобилност од 6 градови од државата подржани од НСЛТИ „Мобилност“, каде заслужено ТРЕТО МЕСТО освои Билјана Димова, член на „Мобилност“ Гевгелија и жител на Ѓавото.

Таа на литературниот награден конкурс учествуваше со песната „Во сенката на Здивот“ и се заќити со бронзен медал на 28-те Литературни средби на лицата со телесен инвалидитет, членови на „Мобилност“ Македонија.

„Мобилност“ Гевгелија денеска на средбаѕа во Гевгелија со своите членови по повод 4 декември заедно со честитките за постигнатиот успех кон Билјана им врачи благодарници на уште тројца членови на Здружението кои годинава остварија забележителен успех настапувајќи од името на „Мобилност“ Гевгелија.
Тоа се:
1. Благица Ѓоргиевска и Љубица Марковска од Гевгелија кои освоија ПРВО место на 23-та по ред „Тортијада“ одржана октомври, во „Вила Парк“ Струмица.
2. Никола Пеев освои ВТОРО место на Републичкиот натпревар во табла организиран од „Мобилност“ Тетово, минатиот месец ноември; и
3. Билјана Димова – ТРЕТО место на XXVIII – Литературни средби со литературно читање на поетски литературни творби напишани од членови на „Мобилност“ од Македонија, одржан на 1 декември.

На сите припадници на „Мобилност“ Гевгелија, каде членуваат лица од општините Гевгелија, Богданци и Дојран им го честитаме меѓународниот ден посветен за нивна грижа и внимание и им посакуваме добро здравје, многу среќа и уште поголеми успеси во иднина.

 

 


Posted

in

,

by

Tags:

Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *