Хуманитарен Базар на Здружението „Православна жена“

Традиционално и годинава, по шести пат во Гевгелија се одржа Хуманитарен добротворен Базар во организација на Здружението „Православна жена“.
Неделнит празничен ден Св. Никола беше одбележан со богати штандови со домашни кулинарски и рачни изработки кои беа наменети за продажба, а средствата од продажбата се донираат на семејства на кои им е неопходна помош.

Оваа хумана мисија на гевгелиските православни жени се одржа во дворот на црквата „Свети Кирил и Методиј“ со посета на верници, посетители и намерници да остават свој хуман прилог во акцијата наречена „ Свети Никола дарува, Свети Никола подарува “

Среќните лица на изведувачите на хуманитарниот Базар укажува на богат одзив и посветеност на гевгеличани на хуманоста, со намера донираните средства да стоплат нечија душа, да израдуват некое семејство, особено во пресрет на Божиќните и Новогодишните празници.

Среќен празник и блажен ден за сите.


Posted

in

by

Tags:

Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *