Аргентина е Светски фудбалски првак

На Мундијал во Катар 2022, во големото финале помеѓу Аргентина и Франција, со нерешен резултат 3:3 во регуларното време, победникот го одредија пеналите после двочасовната игра.
Аргентина е на тронот на светскиот фудбал. После славниот Марадона, оваа историска титула, после 32 години ја испишува и играта на репрезентацијата на Аргентина предводена од Меси.
Солзи радосници кај гаучосите!

Златниот трофеј и златните медали отидоа во рацете на репрезентацијата на Аргентина. Поеднинечните трофеи беа поделени на:
– Мбапе од Франција – Златна копачка
– Енцо Фернандес (Аргентина) – најдобар млад играч
– Емилијано Мартинез (Аргентина) – најдобар голман
– Лионел Меси (Аргентина) – златна топка за најкорисен играч на Мундијалот.

Франција се пласираше на второ место, а третопласирана е Хрватска која денеска имаше спектакуларе пречек во Загреб.


Posted

in

by

Tags:

Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *