Браќата Узунчеви од Гевгелија и Антонио од Дојран – тројка од југот во кадетската ракометна репрезентација на МК

Ракометните кадетски таленти од РК „Партизан“ Гевгелија, браѓата Тодор и Димитар Узунчеви ги поминаа сите скалила на проверка на нивниот ракометен талент и избрани се во составот на кадетскста репрезентација на Македонија, генерација 2004 година и помлади.
Меѓу 20-те избраници на Стручниот штаб и селекторот Радослав Стојановиќ е и ракометарот на РК „Млдост“ од Богданци, инаку жител на Дојрн.

Тие ќе учествуваат на собир и учество на „SPARKASSEN CUP“ во Германија во период од 27.12 до 29.12.2022 година.
На овој Куп репрезентацијата на Македонија е дел од групата Б заедно со Германија, Холандија и Австрија.

Заедно со Тодор, Димитар и Антонио за учество на Купот се избрани овие 20 кадети:
1 .Иван Галевски – АД РК АЛКАЛОИД
2. Давид Брестовац- LHC COTTBUS ГЕРМАНИЈА
3 .Дамјан Митев – АД РК МУЛТИ ЕСЕНС
4. Дамјан Субашевски – РК БУТЕЛ СКОПЈЕ АД
5. Михаел Тотиќ – РК ПРОЛЕТ 62 АД
6. Марио Стојановски – АД РК ВАРДАР 1961
7 .ТОДОР УЗУНЧЕВ – АД РК „МУЛТИ ЕСЕНС“
8. Петар Стојановски – ЗРК ГОЛДЕН АРТ АЕРОДРОМ
9. Аандреј Стојановски – РК ПРОЛЕЛ 62 АД
10. АНТОНИО НИКОЛОВСКИ – РК „МЛАДОСТ 1977“
11.Андреј Глигоров – ЗРК ГОЛДЕН АРТ АЕРОДРОМ
12. Стефан Милов – ГРК ТИКВЕШ 2014 АД
13. Славчо Шулевски – ГРК ТИКВЕШ 2014 АД
14. Мирче Калајџиоски – RD LL GROSIST SLOVAN
15. Томислав Димковски – – РК ПРОЛЕТ 62 АД
16. ДИМИТАР УЗУНЧЕВ – АД РК „МУЛТИ ЕСЕНС“
17. Александар Петковски – РК АЛКАЛОИД АД
18. Ненад Билистојановски – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
19 .Валентин Карасманакис – АД РК МУЛТИ ЕСЕНС
20. Дејан Михајловиќ – РК БУТЕЛ СКОПЈЕ АД’

Натпреварите на претстојниот куп се играат 2 полувремиња по 25 минути со 5 минути пауза. Првиот натпревар на репрезентацијата е на 27.12 во 16:00 часот против репрезентацијата на Австија, а на 28.12 нашите репрезентативци ќе одиграат два натпревара против Германија во 11:20 часот, и потоа против Холандија во 16:40 часот.

Во зависност од пласманот во групата на 29.12.2022 ќе се одиграат натпреварите за конечен пласман.

Среќно на тројцата јужни ракометни кадетски репрезентативци!

 


Posted

in

by

Tags:

Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *