Жител на Гевгелија осомничен за обид за убиство – го нападнал очувот со нож

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство според член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот зкаоник.

Осомничениот, на 12 декември, со умисла се обидел да го лиши од живот неговиот очув. Делото го сторил така што ја протнал раката преку отворениот мал прозорец од десната страна на влезната врата, ја отворил вратата од домот на очувот, влегол внатре и по кратка расправија, повеќе пати го прободел оштетениот со нож.

Притоа му нанел тешки телесни повреди – две убодни рани во грбот, длабоки посекотини на левата страна на вратот, лицето и на десната шака. Оштетениот паднал на подот во дневната соба и почнал обилно да крвари. Откако осомничениот си заминал, оштетениот успеал да излезе надвор на улица, каде го затекнале случајни минувачи кои повикале итна медицинска помош. Пред да падне во кома поради сериозноста на повредите и да биде пренесен на Клиничкиот центар во Скопје, оштетениот успеал да го наведе осомничениот како сторител на кривичното дело.​

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Вчера МВР извести дека утрото во 10:40 часот е уапсен А.Ѓ.(36) од Гевгелија за напад и повреда со остар предмет над лицето Н.Н.(68) од Гевгелија во неговиот дом. Драмата која вчера се одвивала во домот на НН со здобиени повеќе убоди од нож, на сторителот му донесе Кривична пријава од ОВР Гевгелија и одлука на Основен суд во Гевгелија за определување мерка ПРИТВОР за осомничено лице за обид за убиство..


Posted

in

by

Tags:

Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *