Лишен од слобода гевгеличанец поради сомнение за фалсификат

Во текот на вчерашниот ден 11.12.2022 година, при контрола на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север од слобода се лишени четири лица, од кои еден од притворените е жител на Гевгелија.
На Граничен премин Табановце, вчера, недела, во 18:15 часот, од слобода бил лишен А.Б.(41) од Гевгелија затоа што при контрола било констатирано дека серискиот број на возилото „Фолксваген транспортер“ со бугарски национални ознаки, кое го управувал, бил фалсификуван, односно бројот во собраќајната возила не бил ист со бројот што е на возилото.
Возилото е одземено поради сомнение за фалсификат, а против гевгеличанецот А.Б. Регионалниот центар за гранични работи Север подготвува соодветна пријава.
Акциската контрола на возила на ГП Табановце од страна на РЦ за ГР Север траела 12 часа од од 18.15 часот на 11.12.2022 до 06.10 часот на 12.12.2022. При тоа поради сомнение за фалсификат и пронајден пиштол приведени се уште три лица.
За исто дело, денеска во 06.10 часот на Граничен премин Табановце од слобода бил лишен и Е.Д,.(37) од Република Албанија. При контрола било констатирано дека серискиот број на возилото „Форд фиеста“ со романски национални ознаки, кое го управувал, бил фалсификуван, односно бројот во собраќајната возила не бил ист со бројот што е на возилото.
Додека пак, на 11.12.2022 на локалниот пат с.Табановце – с.Лојане, кумановско, во атар на с.Лојане, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот ги лишиле од слобода Х.Х.(21) и Х.М.(39), двајцата од с.Сопот, кумановско. При преглед во возило „Сеат Ибица“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Х.Х., биле пронајдени и одземени пиштол „COL. 9 mm Parabelum“ и полна рамка во него со 10 куршуми калибар 9 мм.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави, известуваат од МВР.

Posted

in

,

by

Tags:

Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *