Meтеоаларм: “ЧУДОВИШТЕТО ОД ЦИКЛОН” удира во РЕГИОНОТ и во МАКЕДОНИЈА – СЛЕДУВААТ СНЕЖНА БУРА, ПОПЛАВИ И ОЛУЕН ВЕТЕР ДО 90 КМ/ЧАС!

Целиот регион е под закана од МОЌНИОТ циклонски систем од запад кој го нарековме “ЧУДОВИШТЕ ОД ЦИКЛОН”. Истиот во регионот веќе условува дожд и многу ветровито време. Интензитетот на врнежите понатаму ќе се зголемува и локално во следниот период се очекува воден талог од дури повеќе од 200 литри. Токму поради ваквата состојба очекуваме да има и ПРОБЛЕМИ (ЛОКАЛНИ ПОПЛАВИ). Препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ, најавува метеорологот Славчо Поповски за „Метеоаларм“.

Ќе дува ОЛУЕН ВЕТЕР со брзина и до 90 км/час, понекаде и повеќе. Олуен ветер се очекува и кај нас во Македонија. Во Македонија исто така се очекува МНОГУ ДОЖД (во западните предели локално и над 80 л/м2. Можни се локални ПОПЛАВИ (КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ)!

Во регионот, особено во Словенија, Хрватска и во Босна, со продорот на студен воздух од север ќе има и снег. Поради зголемениот интензитет на врнежите, снегот исто така би можел да прави проблеми, особено на планинските места.

Кај нас од понеделник и тоа на планините врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег. До тогаш ќе имаме НЕВООБИЧАЕНО ВИСОКИ температури за овој дел од годината и Сахарска прашина и песок во Атмосферата.

Температурите кај нас ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени, високи ќе бидат и минималните утрински температури на воздухот. Од понеделник па натаму истите ќе бележат тенденција на ПАД и тоа поради продорот на студен воздух од север. Треба да се напомене дека поради заладувањето, провејување на снег би можело да има понекаде и во градовите и тоа особено на северот од Македонија.

Oд УХМР предвидуваат осетен пад на температурите од понеделник до 9-10 степени максималната дневна, а поради значително заладување, во северните делови ќе има услови за провејување на снег и на пониските места. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Такво време ќе се задржи и наредните денови.


Posted

in

by

Tags:

Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *