Новогодишна работилница со децата и родителите во „Детска радост“ Гевгелија

Празниците се ближат, а тие се повесели ако сме подготвени за нивната радост што ја носат и надежите за настап на посакуваните желби.

Во духот на новогодишното расположение, со музика и во весела атмосфера во детската градинка „Детска радост“ во Гевгелија се одржа Новогодишна работилница.

Учесници и реализатори на истата беа родителите заедно со своите дечиња кои вредно работеа и направија вистински ремек дела: елки, камин, фенери, свеќници, макети од шарени лижавчиња, чоколадни човечиња, маски, хартиени лампиони… кои ќе ги красат просториите на градинката, занималните, сцените за Новогодишните настапи.


И како и секогаш, во групните изведби креативноста беше беспрекорна и со многу насмевки на задоволните учесници на работилницата.

Од ДГ „Детска радост“ изразуваат голема благодарност за родителската подршка и соработка, како и до целиот тим на вработени кои помогнаа да се реализира истата.


Posted

in

by

Tags:

Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *