Валентина – Златната тркачка од југот

Викендите за некого се резервирани за семејни одмори и дружби, за Валентина Узунова од Богданци тоа е време посветено за тркачките патеки.
Упорноста носи резултати, дисциплина, брзина – но и достигнувања.

Новото достигнување на оваа ретко упорна атлетичарка во својата категорија 50+ е освоеното ПРВО МЕСТО на 14-то Армиско првенство во Крос-Кантри трчање.
Златниот медал и дипломата потпишана од покровителот Претседателот на РСМ отидоа во рацете на нашата Вале.

Со скромна насмевка таа и овој пат своето достигнување го посвети за поддршка на болните од Пулмонална хипертензија.

Два тркачки викенда се зад Валентина, а својата победничка витрина за изминатите 7 дена ја пополни со уште еден златен медал од Скопје и минатонеделните-сребрен медал од планински крос во Штип и освоен пехар во Грција.
Ако е за 50+ извонредно е !

На 14-то Армиско првенство покрај Валентина учествуваше и Кристина Узунова во женска конкуренција, а во машка Ангел Делиќ и Мијалчо Андоновски (сите четворица атлетичари од АК „7-Ми Ноември“.Гевгелија).


Posted

in

by

Tags:

Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *