Од 1 декември поевтина струја за прехранбената индустрија, водостопанските претпријатија и јавните установи

Согласно мерките на Владата за субвенционирање на трошоците за електрична енергија кон клучните сектори во стопанството, прехранбената индустрија, индустријата за храна, водоснабдителните претпријатија и болниците, училиштата, установите за згиживање деца, од 1 декември истата почнува да се применува. Од 1 декември истите ќе бидат приклучени кон снабдувачот ЕСМ.

ЕСМ Продажба веќе денеска, по пошта, ги испрати до училиштата сите договори за снабдување со електрична енергија по субвенционирана цена од 95 евра од мегаватчас. Од таму велат дека утре ќе заврши испраќањето на договорите до капацитетите за прехрана, кои треба да добијат цена од 80 евра по мегаватчас.

– „Тече испраќањето на договорите и на правните субјекти од прехранбената индустија, и истото за оваа категорија ќе биде завршено до крајот на утрешниот ден. Најмал број пријавени субјекти произлегуваат од водостопанската дејност, кои исто така ќе ги добијат договорите.

Субјектите за кои Дистрибуција не одобува снабдување на нивните броила или на дел од нивните броила, се известуваат телефонски од страна на ЕСМ Продажба, со цел субјектите да преземат мерки во однос на причините утврдени од Дистрибуција, а кои се пречка за истото. Напоменуваме дека бројот на таквите случаи е мал“, известуваат од ЕСМ.

Од таму додавата дека индустриските капацитети за храна ќе бидат приклучени на системот, без разлика на тоа дали договорите испратени по пошта ќе им пристигнат до 1 декември. Поефтината цена за ел.енергија за овие капацитети ќе важи уште првиот ден од декември.

 


Posted

in

by

Tags:

Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *