Неуморната атлетичарка и вонсериска тркачна во категоријата 50+, член на АК „7-ми Ноември“ Гевгелија – Валентина Узунова, продолжува да ги нижи успесите на тркачките патеки.
Викендов таа освои зребрен медал на трката од 19 километри на спортската манифестација „Strumina Trail 2022“ што се одржа во Штип. Оваа ридско-планинска траса е уште една од низите освоени висинско-должински разлики за Валентина претставувајќи ги боите на ЗПСК „Кожуф“ од Гевгелија. Таа искачи 750 метри висинска разлика на траса од 19 km и пристигна со второ време во женска конкуренција. Севкупно на трката „Strumina Trail 2022“ имаше 200 учесници.
За Валентина трките се како и животот – не смееш да се откажеш дури и кога теренот (животот) станува нерамен, продолжуваш упорно кон целта.
Таа викендов (на 26.11.2022) учествуваше на уште една трка „The Tsipouro Race“ во Грција, во должина од 5,7 километри и пристигна на целта на 3-то место генерално. Овде доби и пехар во женска конкуренција.
Ваквиот спортски подем во 5-тата деценија од животот за оваа упорна жена е само пример дека моќта на вољата и истренираното тело можат многу да направат во животот.
Своите трки и секако постигнатите успеси Валентина ги посветува за поддршка на пациентите со ПХ („Земи здив“).
На трката учествуваа и Методија Ичев и Срѓан Милошевски, во машка конкуренција настапувајќи со боите на ЗПСК „Кожуф“ Гевгелија.
Напишете коментар