По повод 3 ти Декември Светскиот ден на лицата со попреченост Јавната установа – Меѓуопштински центар за социјални работи Гевгелија – Дневен центар во соработка со НУ „Музеј“ Гевгелија организира хуманитарен настан на кој ќе бидат изложени рачни изработки од корисниците на Дневниот центар.
Изложбата на рачните изработки ќе биде отворена утре, петок 2 декември во 16:00 часот, а местото на настанот е Уметничка галерија Амам -Гевгелија.
Сите 18 посетители на Дневниот центар имаат своја заслуга во изложбата работејќи на сликарските платна со актилни бои, но и на рачните изработки, торби, чаршафи, текстилни апликации… Боите кои ги употребуват укажуваат на многу убавина во нивните души.
Колку радост тие имаа во изработувањето на делата кои ќе бидат изложени, двојна радост треба да им приреди публиката, со присуството на настанот, но и со откуп на некои од делата за да ја почувствуваат штитениците на Дневниот центар симбиозата со заедницата, дека се дел од општеството кое ги прифаќа.
– „Средствата од сите купени изработки ќе бидат наменети за понатамошни активности на лицата згрижени во Дневниот центар – Гевгелија. Повеќето од штитениците не се деца туку работно заинтересирани и со радост сакат да учествуваат во изработките и да ја покажат својата способност за да бидат корисни за себе и средината во која живеат“ – вели за GevgelijaNet Мери Кузманова, дефектолог која работи во Дневниот Центар Гевгелија
Подарете малку радост и внимание, посетете ја изложбата, утре во 16 часот, галерија Амам.
Напишете коментар