И Паљурци на рутата на криумчарите на мигранти

Последниот извештај за дејствијата на Полициска станица за граничен премин и граничен надзор „Стар Дојран“ известува за спречена акција на нелегален влез и криумчарење на мигранти во нашата земја. Местото на акцијата е кај местото Паљурци, Богданско.

Синоќа, на 30.11.2022 во 22:30 часoт на регионалниот пат Богданци – Дојран, кај место викано „Паљурци“, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Стар Дојран“ дале знак за запирање на патничко возило „Сеат алтеа“ со косовски национални ознаки, но возилото не застанало.

Набргу, возилото било пронајдено покрај патот, а во негова близина биле пронајдени шест лица мигранти од Сирија.
Мигрантите биле спроведени во Прифатно – транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, јавуваат од МВР.


Posted

in

by

Tags:

Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *