О тешкото! Зурли штом диво ќе писнат,
штом тапан ќе грмне со подземен екот –
во градиве зошто жал лута ме стиска,
во очиве зошто навирува река
и зошто ми иде да плачам ко дете,
да превијам раце, да прекријам лик
да гризам јас усни, стегам срце клето,
да не пушти вик…
Во спомен на годишнината од смртта на македонскиот литературен и книжевен великан – Блаже Конески (Небрегово 19.12.1921 – Скопје 07.12.1993) кој ни остави ризница вредност за Македонскиот литературен код
Напишете коментар