Приведени 2-ца гевгеличани и еден богданчанец

Сите тројца завршиле во притвор во Полициската станица во Велес.
Настанот е евидентиран од МВР во саботата:

„На 03.12.2022 во 22:40 часот на наплатната станица Сопот на автопатот Скопје – Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода В.Ј.(39) и М.Т.(40), двајцата од Гевгелија и Д.П.(35) од Богданци.
При преглед кај нив и во патничко возило „Фолксваген Бора“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал Д.П., а сопатници биле другите две лица, кај В.Ј. била пронајдена и одземена бела грутчеста материја“ – стои во извештајот од МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.


Posted

in

by

Tags:

Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *