Денеска во Благоевград, Р.Бугарија се одржа мини турнир на кој учество зеде и тимот на Фудбалскиот клуб „Џокер“ од Фурка, генерација 2014.
Осумгодишњаците од југот успеаја да го освојат второто место и сребрениот пахар на турнирот.
Саботниот облачен ден беше искористен и за одигрување пријателски натпревар со домаќинскиот тим од Благоевград. Овде копачките ги вкрстија генерацијата 2012/2013 против ДФК „Орлетата“ од Благоевград, Бугарија
– „Како генерација покажавме дека можеме да се надигруваме и со тимови надвор од нашата држава, за што сведочи освоеното Второ место.
На домаќинот и организаторот им се заблагодаруваме за прекрасниот пречек, фер и коректна игра им посакуваме успеси во иднина и уште многу големи дружења на терените како и надвор од нив“ – изјавија од раководството на ФК „Џокер“ Фурка.
Честито заслужен пехар „Џокерци“!
Напишете коментар