Комерцијална презентација на топлински решенија од „АРИСОН“

Гевгелиската фирма СЗД „КАВАЗ“ во соработка со фирмата „Термо Динамик“ од Куманово го организира рекламниот караван за презентација на ТОПЛИНСКИ ПУМПИ, ФЕНКОЈЛЕРИ, КЛИМА УРЕДИ и се’ останато од асортиманот на добро познатиот и светски бренд „АРИСТОН“.

Термо Динамик е главен застапник во цела Македонија на светскиот бренд Аристон, а главен соработник за Гевгелија е СЗД „Каваз“.

Презентацијата ќе се одржи на градскиот плоштад во Гевгелија утре, среда, 4 октомври 2023, со почеток од 10:00 часот и ќе трае до 18:00 часот.

Од СЗД „Каваз“ кои имаат како главна дејност монтажа, сервис и одржување на парно греење и климатизација, најавуваат дека на самата презентација освен што граѓаните ќе можат да ја видат шиироката понуда на „АРИСТОН“ ќе можат и да нарачат, или да се снабдат со некои од нивните производи.

За монтажата надлежна е гевгелиската фирма. Зато велат дека ги очекуваат заинтересираните гевгеличани, или оние кои бараат реение за затоплување, пред почетокот на грејната сезона, да повелат утре на презентацијата на гевгелискиот плоштад.

„Ве очекуваме во што поголем број. Не пропуштајте ја оваа можност и презентација на најдоброто од Аристон“ велат од СЗД „Каваз“.


Posted

in

by

Tags:

Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *