Царина на ГП „Богородица“ со РЕКОРДНА ЗАПЛЕНА на девизи и злато во вредност од 1.000.000 Евра

Инспектори од мобилните тимови на Царинската управа вчера на ГП „Богородица“ при контрола на автобус открија и запленија ‪262.750‬ долари, ‪155.760‬ евра и 12 килограми злато и златен накит со проценета вредност од околу ‪600.000‬ евра.

Поради постоење сомнеж, автобусот со турски регистарски ознаки управуван од македонски државјанин, кој се движел на редовна линија Скопје – Истанбул (Турција) при излез од земјава бил упатен на детална контрола на царинскиот терминал на ГП „Богородица“. При прегледот е откриен специјално изработен бункер во кој се пронајдени разновиден златен накит и златни плочки со неправилна форма, како и голема количина на девизи.

Стоката со вредност од вкупно околу еден милион евра и автобусот се привремено задржани и предадени на Одделението за истраги во Царинската управа за понатамошна истрага.

Со поднесување на соодветни пријави, случајот ќе биде предаден на надлежното Основно јавно обвинителство.


Posted

in

by

Tags:

Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *