Паѓаат цените на горивата од 3,5 до 5 денари за литар

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика од вечерва по полноќ ќе се намалат цените на нафтените деривати. Дизел горивото ќе поевтини за 5 денари за литар, бензинот од 98 октани за 4 денари, за 3,5 денари по литар ќе се намали цената на безнинот од 95 октани. Нафтата за домаќинствата ќе поевтини за 4,50 денари за литар, додека цената кај Мазутот М-1 НС оди надолу за 2,115 ден за килограм.

Од вечер по полноќ максималните цени на горивата ќе изнесуваат:
– Моторен бензин Еуросупер БС – 95   –   77,50 (ден./литар)
– Моторен бензин Еуросупер БС – 98   –   79,50 (ден./литар)
– Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V)   –   79,50 (ден./литар)
– Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)  –   77,00 (ден./литар)
– Мазут М-1 НС  –  40,056 (ден./кг)

Оваа одлука на РКЕ влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе отпочне да се применува од 00:01 часот на 10.12.2022 година (сабота).


Posted

in

by

Tags:

Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *