РК „ПАРТИЗАН“ Гевгелија – РАСАДНИК НА КАДЕТСКИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ

После браќата Узунчеви, членови на РК „Партизан“ кои станаа македонски кадетски репрезентативци, спортската среќа им се насмевнува и на уште тројца кадети од гевгелискиот ракометен тим „Партизан“.
Селекторот на македонската ракометна репрезентација Лазаров ќе прави селекција на нови кадети,. На неговиот прв поширок список за избр се најдоа 101 ракометари од 25 македонски ракометни клубови, меѓу кои и гевгелиски „Партизан“, но има и од богдански РК „Младост“.
Меѓу имињата се овие тројца кадети од Гевгелија:
– Васко Зајков,
– Мартин Георгиев и
– Петар Чакалов.
Претстојнава недела и понеделник во Битола и Скопје ќе се одржат два изборни тренинзи, на кои ќе биде направена селекција на ракометари од генерацијата 2006/07. Во Битола тренингот ќе биде в недела во салата „Боро Чурлевски“ на 4 декември, додека во Скопје, тренингот ќе се одвива во салата „Автокоманда“ на 5 декември.
Прв голем предизвик за овие ракометари ќе биде настапот во квалификациите за ЕП 2024 година.
Им стискаме палци за среќа на нашите гевгелиски кадети.
Фото: РК „Партизан“ кадети

 


Posted

in

by

Tags:

Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *