Убиството на Тот: Пресудени вкупно 52 години затвор за тројцата обвинети

Основниот кривичен суд во Скопје ги прогласи тројцата обвинети за виновни за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот кое се случи на 7 април годинава пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје.

Со првостепената пресуда обвинетите добија затворски казни од:
Анџело Ѓоргиевски (28) – 18 години затвор
Клементина Левковска (19) – 18 години затвор
Андреј Костовски (19) – 16 години затвор.

Пресудата ја изрече судечки совет на чело со судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ.

Ракометарот на РК Бутел беше претепан до смрт на 7-ми април оваа година и животот го загуби во една од скопските клиники кога имало неуспешен обид за реанимација, скандал кој го обои во црно ракометот во нашата земја, но и во Хрватска.
Младиот хрватски ракометар го загуби животот на само 27 години поради тешките повреди добиени на главата и ‘рбетниот столб, а денеска тројцата првоосомничени ги дознаа казните.

Изрекувањето на пресудата траеше околу еден час во осоновниот суд, а судијката пред да ја изрече конечната одлука Анџело и Клементина осудени на 18 години, Андреј на 16 години затвор, објасни дека за кривичното дело убиство минималната казна според КЗ е 5 години, а максималната 20.

По изрекувањето на пресудата, Обвинителството побара, а Судот им го продолжи притворот на обвинетите до правосилност на пресудата.

Фото: Денис Тот -„Дерби“

 


Posted

in

by

Tags:

Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *