ПОСЕТА И ДОНАЦИЈА на ЗАЕДНИЦАТА НА ИНВАЛИДСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ОД ГЕВГЕЛИЈА И РЕГИОНОТ

Во пресрет на 3-ти Декември – Меѓународен ден на лицата со попреченост, денеска е остварена посета со членовите на Заедницата на инвалидизирани лица од Гевгелија и регионот од страна на Форумот на жени на СДСМ Гевгелија и Центарот за социјални работи..
Во оваа прилика донирана е нова опрема и прибор кои ќе го збогатат секојдневието на лицата кои ја посетуваат оваа институција.

Заедницата на инвалидски организации при општина Гевгелија ја сочинуваат четири здруженија:
Здружение на телесни инвалиди „Мобилност“
Здружение на слепи
Здружение на глуви
Здружение на лица со интелектуална попреченост – „Порака“.

Сите заедно го негуваат принципот на заедништво и потеба од инклузија во општеството кое треба да им го олесни животот со постојниот инвалидитет. Заедно, во рамките на регионот Гевгелија, Богданци и Дојран во оваа Заедница партиципираат близу 200 лица.

Претседателката на Форумот на жените на СДСМ Гевгелија Елизабета Стоименова со донацијата испорача честитки за претстојниот празник и посочи дека „Еден од врвните приоритети на Форумот е подеднаква грижа за сите“.
Директорката на Центарот за социјални работи во Гевгелија, Васка Илиева ја потенцираше соработката на институцијата со Заедницата на инвалидски организации, останувајќи отворени како ЦСР за заеднички залагања во остварувањето на нивните барања и потреби и им посака успех на сите полиња во животот.

Членовите на Заедницата ја примија посетата со благодарност дека некој се сетил на нивниот ден – Меѓународен ден на лицата со попреченост и заедно со гостите донатори се сложија за потребата од поголема социјална инклузија на лицата со попреченост. За соработка и помош на овие лица не е потребен курс, туку човечка рака на срдечно секојдневие како кон секој познат, наш комшија, сограѓанин и мало внимание за хендикепот кој можеби го спречува на секој начин да ни’ возврати со исто вимание.

Да помогнеме за создавање општество на поголема социјална инклузија на овие лица и во нашата заедница.

 


Posted

in

by

Tags:

Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *