Медената Атиџе му подари мед на Штајнмајер

Хероината на документарниот филм “Медена земја”, македонскиот кандидат за Оскар, Атиџе Муратова му подари од својот мед на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер при неговата денешна посета на Македонија.

“Ако ги сакате пчелите, тие ќе ви возвратат”, му ја објасни Атиџе својата врска со пчелите на германскиот претседател.

Штајнмајер денеска во Старата скопска чаршија се сретна со екипата на “Медена земја”, а со главната протагонистка на филмот, Муратова си разменија мед. На подарокот од Муратова, Штајнмајер одговори со подарок мед од негово производство од замокот Белви кај Берлин.

Германскиот и македонскиот претседател Пендаровски во Чаршијата испија чај, јадеа баклава и одржаа дебата со млади луѓе.


Posted

in

by

Tags:

Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *