Енергетска економичност во македонскиот Лас Вегас

На европскиот влез од македонскиот Лас Вегас видливо е штедењето на електричната енергија. Хотелско-казинските објекти доминираат со своите познати светлечки обележја, но во годината на енергетска криза недостасуваат светлечките реклами кои бодеа очи со цифрите од наградниот фонд за тој ден.

Автопатот А1 осветлен со вклучени светла на секоја 4-та канделабра, а трите помеѓу се исклучени.
Нема возила. Казинските гости уживат во својот избор вечерва, а остатокот од градот одмара пред утрешниот работен ден.

Ова е прва ноемвриска вечер со измерена најниска надворешна температура од 4°С и дожлива ноќ со небо 93% преплавено со облаци решени да се испразнат над Гевгелија.

Значи, и ѕвездите се штедат вечерва.

ВИДЕО ЛИНК:

Енергетска економичност во Гевгелија


Posted

in

by

Tags:

Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *