Гевгелија мами на шетање

Јужна, топла убава Гевгелија секогаш мами на прошетка, дури и во ветровитите денови кога дрвјата ги соблекуваат пожолтените лисја.

Купиштата лисја на централната градска улица се дел од јавната чистота за која грижа води гевгелиски „Комуналец“, а трошоците ги фактурира кон Општина Гевгелија.

Не грижете се. Оваа ставка за јавна чистота и одржување на зеленилото во градот не е покачена. Од вчера, покачена е само услугата за собирање, транспортирање и отстранување на цврстиот отпад на територија на општина Гевгелија, а се однесува за домаќинствата и правните лица.

Општината куртули од покачување на трошоци за собирање на јавниот смет – граѓаните на општина Гевгелија НЕ. Значи, можете да шетате и по паднатите лисја низ улиците во градот, нема да ве чини ништо поскапо.

 


Posted

in

by

Tags:

Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *